Развојните трендови на технолошки се понапредните машини ги поместуваат границите на изводливото кога станува збор за изработката на мебел. Соочени со тенденцијата на купувачите кон модерните решенија и изведбите со голем број на барања, се соочуваме со бројни предизвици кои наметнуваат барање на нови решенија, поквалитетна изработка и врвна реализација.
Craftsman LUX од самиот почеток е воден од идејата да на столарите, архитектите, проектантите и крајните купувачи им обезбеди комплетна услуга и компоненти за изработка на мебел. И сето тоа со обезбедување на најдобра услуга и постигнување на највисоко ниво на задоволство на нашите купувачи, поставувајќи ги квалитетот, временските рокови и доверливоста како темел на нашето работење.
Наша задача е постигнување на совршеност во изведбата со континуирано унапредување на технолошката опременост, усовршување на вработените, како и негување на партнерски однос со добавувачите и соработниците. Непрекинато тежнееме кон поставување на амбициозни и мерливи, меѓутоа воедно и остварливи цели и програми.
За постигнување и гарантирање на беспрекорна изведба на комплексните задачи, потребни се долгогодишно искуство, вештина и стручност, но тоа е предизвик кој го прифаќаме.